• недела, 18 јануари 2026

Поради дефект без парно дел од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда

Поради дефект без парно дел од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда

Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - ЕСМ Снабдување со топлина информира дека поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда.

- Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија, се наведува во информацијата објавена на веб-страницата. 

За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100. мд/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан