• сабота, 29 јуни 2024

Поради градежни работи утре без вода за пиење село Марена, населба Глишиќ и дел од Кавадарци

Поради градежни работи утре без вода за пиење село Марена, населба Глишиќ и дел од Кавадарци
Кавадарци, 15 септември 2021 (МИА) - Поради градежни работи, утре без вода за пиење ќе останат село Марена, населба Глишиќ и дел од Кавадарци, информираат денеска од ЈП „Комуналец“ Кавадарци. - Поради градежни работи на улицата „Шишка“, утре овие корисници ќе имаат прекин во водоснабдувањето од 8 до 14 часот. Без санитарна вода ќе останат водокорисниците на улицата „Шишка“, околните споредни улици, населба Глишиќ и село Марена, појаснуваат оттаму. Од претпријатието се заблагодарија на разбирањето. свд/мс/

Остани поврзан