• понеделник, 23 декември 2024

Поради глобалното затоплување загрозени стотици видови риби

Поради глобалното затоплување загрозени стотици видови риби
Вашингтон, 7 јули 2020 (МИА) – Поради зголемување на температурата на водите во океаните и во реките до крајот на векот ќе бидат загрозени голем број видови риби од кои зависи човештвото, се наведува во студијата објавена во „Сајнс“ (Science). Помеѓу загрозените видови се и некои од најкомерцијалните риби, како атлантскиот бакалар, алјаскиот лосос, како и рибите кои се фаворит во спортскиот риболов, како сабјарките, барикудите или речната пастрмка. - Ако климатската криза продолжи со ова темпо до 2100 година на околу 60 проценти од видовите риби би им било нарушено размножувањето, истакнуваат научниците. Во студијата се посочува дека кога владите би се обврзале да го задржат глобалното затоплување до 1,5 степени Целзиусови бројот на загрозени видови би можел да биде многу помал односно само 10 отсто. - Дека повеќе од половината видови риби потенцијално се изложени на ризик е фрапантен податок, па затоа истакнуваме дека е важно да се преземе акција и да се исполнат политичките обврски за намалување на климатските промени и заштита на морските живеалишта, изјави германскиот биолог и еден од авторите на студијата д-р Флеминг Дахлке. Тој додаде дека со оглед на брзината со која се загрева планетата Земја, голем број риби нема да можат да се прилагодат на промената на температурата. Студијата е изработена од научниците од германскиот институтот „Алфред Вегнер“, кои ја анализираа температурната толеранција на речиси 700 видови морски и речни риби во климатските зони ширум светот. Околу три милијарди луѓе зависат од рибите како извор на храна. ми/

Остани поврзан