• четврток, 19 декември 2024

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила преку превојот Стража

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила преку превојот Стража

Скопје, 14 декември 2023 (МИА) - Јавното претпријатие „Македонија пат“ вечерва соопшти дека поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево од 22:15 часот е воведена забрана за тешки товарни возила. 

- Поради врнежи од снег од превентивни причини на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од 22:15 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, се наведува во соопштението. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан