• сабота, 29 јуни 2024

Поради Брегзит поголем дел од трговијата се одвива преку Северна Ирска

Поради Брегзит поголем дел од трговијата се одвива преку Северна Ирска
Даблин, 20 април 2021 (МИА) - Голем број компании од Ирска и од Велика Британија почнаа да пренасочуваат стоки преку Северна Ирска со цел да ги избегнат бирократските процедури и доцнењето по Брегзит. - Воведувањето проверки за некои артикли откако Велика Британија минатата одина излезе од Европска Унија, предизвика голем пад на испораките помеѓу двете соседни земји и го зголеми бродскиот сообраќај од Ирска кон континентална Европа. Но, дел од товарот сега се пренасочува преку Северна Ирска, која е дел од Обединетото Кралство, изјави директорот на пристаништето во Даблин, Имон О’Рајли. Даблинското пристаниште, најголемо во Ирска, соопшти дека во првиот квартл од годината забележа пад од 29 проценти на трговијата помеѓу Ирска и Велика Британија. Додека трговијата што се одвива од пристаништата во Франција, во Белгија и во Холандија е зголемена за 26 отсто, а по меѓу пристаништето Даблин и европските пристаништа за 18 проценти. - Пренасочувањето на голем број испораки преку северноирските пристаништа е загрижувачко. Се чини како да се враќаме во минатото. Назад во 1990 година, пред воспоставувањето на единствениот европски пазар, повеќе од една третина од испораките поминуваат низ пристаништата во Северна Ирска пристаништа, а не преку пристаништето во Даблин, наведе О’Рајли. Дури подоцна оваа година, пристанишните оператори ќе знаат точно колку се намалени нивните деловни резултати заради новиот режим на границата и дали оваа дислокација на сообраќајот ќе биде трајна. Со децении, ирските трговци доставуваа стоки до остатокот од Европа преку Велика Британија, користејќи краток морски премин до пристаништата во Велс, а потоа кон Франција. Пристаништето во Даблин верува дека таканаречениот британски мост ќе биде повторно воспоставен во следните месеци како брза и ефективна опција. Во текот на годината пристанишните оператори ќе знаат точно колку се намалени нивните деловни резултати поради новиот режим на границата и дали оваа дислокација на сообраќајот ќе биде трајна. Со децении, ирските трговци доставуваа стоки до остатокот од Европа преку Велика Британија, користејќи краток морски премин до пристаништата во Велс, а потоа кон Франција. Пристаништето во Даблин верува дека така наречениот британски мост ќе биде повторно воспоставен во следните месеци како брза и ефективна опција. ми/

Остани поврзан