• понеделник, 23 декември 2024

Поради асфалтирање привремено затворен за сообраќај патот Ногаевци - Виничани од делницата Велес - Градско

Поради асфалтирање привремено затворен за сообраќај патот Ногаевци - Виничани од делницата Велес - Градско

Скопје, 15 март 2023 (МИА) - Поради вградување на асфалтен слој, од денеска до 18 март, во периодот од 08:00 – 16:00 часот, ќе биде затворена за сообраќај Делница 4, односно делот од с. Ногаевци до с. Виничани, на регионалниот пат Велес - Градско.

Како што соопшти АМСМ, денеска завршува и законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. 

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. вг/

 

Фото: МИА Архива

Остани поврзан