• среда, 13 ноември 2024

Попович се запиша во историјата на НБА како тренер со најмногу победи

Попович се запиша во историјата на НБА како тренер со најмногу победи
Сан Антонио, 12 март 2022 (МИА) - Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович влезе во историјата на НБА, откако неговиот тим ноќеска ја совлада Јута во натпреварот од регуларната сезона во НБА со 104:102. Со оваа победа, главниот тренер на Спарс, Грег Попович, стана водечки тренер на сите времиња во историјата на НБА. Седумдесет и тригодишниот Американец го доби својот 1336-ти првенствен натпревар и го помина Дон Нелсон (1335). Рекордот на победи го држеше Нелсон од април 2010 година. Грег Попович е петкратен НБА шампион, кој го води Сан Антонио од 1996 година. Спарс се единствениот тим во кој кошаркарскиот стручњак работел како главен тренер во НБА. зс/

Остани поврзан