• петок, 22 ноември 2024

Пописот во Црна Гора повторно одложен, новиот датум е 3 декември

Пописот во Црна Гора повторно одложен, новиот датум е 3 декември

Подгорица, 30 ноември 2023 (МИА) - Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ доцна синоќа изјави дека неговата влада одлучила да го одложи за 3 декември пописот на населението во Црна Гора, што требаше да почне денеска.

Претходно, најголемата опозициска партија во Црна Гора, Демократската партија на социјалистите, најави дека нема да учествува во пописот на населението додека не се исполнат сите услови предвидени во договорот потпишан минатата недела со премиерот Спајиќ.

По нивната одлука, Спајиќ им понудил да го одложат пописот за четири дена за да ги исполнат сите услови кои ги прифатиле во ДПС синоќа и изјавил дека се подготвени „да го дадат својот целосен придонес за пописот да се одржи во нов термин - 3 декември“.

-Вечерашната одлука на опозицијата, како и оваа одлука изгласана на денешната електронска седница на владата за одложување на пописот е доказ дека созреваме како општество. За мене ова е многу важно за помирување на Црна Гора и самиот пристапен процес за ЕУ, истакна Спајиќ на прес-конференцијата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан