• понеделник, 23 декември 2024

Понеделник е неработен ден за сите во државава

Понеделник е неработен ден за сите во државава

Скопје, 6 декември 2024 (МИА) - Министерството за економија и труд денеска соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија - „Службен весник на Република Македонија“, број 21/98 и 18/07, по повод празникот „Свети Климент Охридски“, 8 декември - недела, односно 9 декември - понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за економија и труд им го честита празникот на граѓаните на Република Северна Македонија кои го чествуваат и го слават патронот „Свети Климент Охридски“. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан