• петок, 22 ноември 2024

Помпео: Влезот на Северна Македонија во НАТО ја зајакнува Алијансата „колосално“

Помпео: Влезот на Северна Македонија во НАТО ја зајакнува Алијансата „колосално“
Вашингтон, 7 април 2020 (МИА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска уште еднаш ѝ честита на Северна Македонија како 30. членка на НАТО. На средба со новинарите тој изјави дека со влезот на нашата земја во НАТО, Алијансата се зајакнува „колосално“. - Ова е уште еден доказ за земјите што знаат дека сојузништвото со слободните нации на Западот е најдобар начин да се постигнат безбедност, стабилност и просперитет за својата нација, истакна Помпео. Денешната прес-конференција на Помпео беше целосно посветена на опасноста од ширењето на коронавирусот во САД и напорите што ги прави Стејт департментот за репатријација на Американците од загрозените подрачја насекаде низ светот. кб/са/

Остани поврзан