• петок, 22 ноември 2024

Помпео ќе ги посети сојузниците кои ја признаа победата на Бајден

Помпео ќе ги посети сојузниците кои ја признаа победата на Бајден
Вашингтон, 11 ноември 2020 (МИА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео најави дека ќе посети седум земји, сојузници на Соединетите Американски Држави, кои му честитаа на демократскиот кандидат Џо Бајден за победата на претседателските избори, иако Доналд Трамп одбива да ја признае. Помпео рече дека во петок ќе отпатува за Париз, а потоа ќе ги посети Истанбул, Тбилиси, Ерусалим и трите заливски сојузници - Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Катар. Тој изјави дека ќе разговара за „историските напори на Трамп да воспостави мир и соработка на Блискиот исток“, објави „Тајмс оф Изарел“. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан