• понеделник, 23 декември 2024

Помошник на Орбан предизвика контроверзи со споредба на 1956 г. и војната во Украина

Помошник на Орбан предизвика контроверзи со споредба на 1956 г. и војната во Украина

Будимпешта, 27 септември 2024 (МИА) - Помошник на унгарскиот премиер Виктор Орбан предизвика негодување со изјавата дека Унгарија ќе се справела подобро ако не се спротивставела на советската инвазија во 1956 година.

Во интервју за унгарскиот сајт „Мандинер“, Балаш Орбан, политичкиот директор на премиерот, ја критикуваше и сегашната одбрана на Украина против руските сили, велејќи дека претседателот Володомир Зеленски постапил неодговорно.

Антисоветското востание во Унгарија во 1956 година беше крваво задушено од Црвената армија.

Премиерот Виктор Орбан брзо реагираше, нарекувајќи ги зборовите на својот помошник „грешка“, додека опозицијата ги осуди како „предавнички“.

„Двосмислените изјави на мојот помошник се грешка, бидејќи нашето општество е изградено врз основа на револуцијата од 1956 година“, потенцираше Орбан. ссм/

фото: архива

Остани поврзан