• понеделник, 23 декември 2024

Помалку кражби и тешки кражби во 2020 на подрачјето на СВР Куманово

Помалку кражби и тешки кражби во 2020 на подрачјето на СВР Куманово
Куманово, 28 јануари 2021 (МИА) - Намален број на кражби и тешки кражби и повисока реализација регистрира СВР Куманово за 2020 година во однос на претходната 2019-та, соопштија денеска од кумановската полиција.
Во 2020 година биле регистрирани 205 кражби и споредбено со 2019 година овој број е намален за 11,7 отсто, кога биле регистрирани 232 дела.
-Меѓу нив во 2020 година се случиле 57 кражби на електрична енергија, 17 џепни кражби, девет кражби од моторни возила и пет кражби на велосипед. Од наведените кражби реализирани се вкупно 97 дела што претставува вкупна реализација од 47,3 отсто. Во 2019 година вкупната реализација изнесувала 46,1 отсто, велат од СВР Куманово.
Во намалување од 33,4 отсто се и тешките кражби, односно во 2020 година биле регистрирани  257, а во 2019 година 386 дела. Во 2020 година евидентирани се 107 тешки кражби во стан или куќа, 29 од моторни возила, 46 од викендици, 12 од продавници, девет дрски кражби, три од црква и 73 во останати објекти. ам/мд/

Остани поврзан