Полскиот селектор поднесе оставка
- Селекторот на полската фудбалска репрезентација, Михал Пробиерж, објави денеска дека поднесува оставка „за доброто на тимот“.
Варшава, 12 јуни 2025 (МИА) – Селекторот на полската фудбалска репрезентација, Михал Пробиерж, објави денеска дека поднесува оставка „за доброто на тимот“.
Одлуката доаѓа по отворениот конфликт меѓу Пробиерж и репрезентативниот капитен Роберт Левандовски, како и по поразот (1-2) од Финска во вторникот во мундијалските квалификации.
„Дојдов до заклучок дека во сегашната ситуација најдобрата одлука во корист на тимот е мојата оставка како главен тренер“, напиша Пробиерж на социјалната мрежа Икс, заблагодарувајќи им се на колегите, играчите, навивачите и на националниот тим.
Во неделата, Пробиерж му ја одзеде капитенската лента на Роберт Левандовски, а кратко потоа ѕвездата на полската репрезентација и на Барселона го објави своето пензионирање од националниот тим доколку Пробиерж остане селектор. ег
ФОТО: ЕПА