• петок, 22 ноември 2024

Полска формира фонд од 1,75 милијарди долари за помош на украинските бегалци

Полска формира фонд од 1,75 милијарди долари за помош на украинските бегалци

Варшава, 7 март 2022 (МИА) - Полската влада има намера да формира фонд од 1,75 милијарди долари за помош на бегалците од Украина, изјави денеска владин претставник.

ОН проценуваат дека 1,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на рускиот напад на 24 февруари. Повеќе од милион луѓе влегле во Полска преку граница.

Илјадници луѓе се сместени низ целата земја, но напорите за помош доаѓаат главно од невладини организации, волонтери и заедници.

Владата денеска треба да претстави закон за пакет помош за финансирање храна и привремено сместување за бегалците, заедно со мерките за да им се овозможи да работат легално и да имаат пристап до јавното здравство и социјалната заштита во Полска.

„Нашата првична претпоставка е дека фондот што ќе го основаме ќе биде 1,75 милијарди долари. Ова ќе ги финансира најитните набавки и сместување, но и пристапот до пазарот на трудот, социјалните бенефиции и образованието“, изјави министерот Лукаш Шрајбер за приватната радио станица Радио Плус.

Нацрт-законот, кој исто така предвидува еднократен надомест од 65 долари за секој бегалец и финансиска помош за Полјаците кои примиле Украинци во нивните домови, треба да биде одобрен од Парламентот во вторник во забрзана законодавна процедура. паг/

Остани поврзан