• петок, 05 декември 2025

Полска купува британски систем за противвоздушна одбрана за 5 милијарди долари

Полска купува британски систем за противвоздушна одбрана за 5 милијарди долари

Варшава, 7 ноември 2023 (МИА) - Полска потпиша договор со британската одбранбена компанија МБДА за купување систем за противвоздушна одбрана во вредност од 4,92 милијарди долари, соопшти британската влада.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека партнерството меѓу Варшава и Лондон ќе помогне за зајакнување на европската безбедност во услови на конфликтот во Украина.

Системот за противвоздушна одбрана ќе може да пресретнува крстосувачки ракети кои летаат на височина повеќе од 40 километри, велат од Министерството.

„Ова е уште еден клучен чекор за историските одбранбени врски што ги имаме со Полска. Ќе ѝ обезбедиме одбранбена способност од следната генерација која ќе делува како јасно одвраќање на нашите противници“, рече британскиот министер за одбрана Грант Шапс. паг/

Фото: МИА архива

 

   

Остани поврзан