• понеделник, 23 декември 2024

Полска: Казна од 57 милиони американски долари за Гаспром поради Северен тек 2

Полска: Казна од 57 милиони американски долари за Гаспром поради Северен тек 2
Варшава, 3 август 2020 (МИА) – Полскиот антимонополски регулатор „УОКиК“ денеска соопшти дека го казнил Гаспром 213 милиони злоти (57 милиони американски долари) за наводна несоработка на компанијата во врска со реализацијата на нејзиниот проект за гасоводот Северен тек 2. Полска гледа на Северен тек 2, кој ќе го удвои капацитетот на извозот на руски гас во Европа преку Балтичкото Море, како закана за европската енергетска безбедност, тврдејќи дека тоа ќе ја зајакне доминацијата на пазарот на Гаспром. Реализацијата на проектот за гасоводот Северен тек 2 ја предводи Гаспром, а половина од финансирањето е обезбедено од германската „Унипер“ и единицата „Винтершел“ на БАСФ, а потоа следат англо-холандската компанија „Шел“, австриската ОМВ и францускиот Анжи. Полскиот УОКик со години води истрага за овој проект, а во 2019 година парично го казни Анжи за 40 милиони евра поради недоставување документација и информации поврзани со овој случај. - На почетокот на годината, побаравме од Гаспром да ни ги достави договорите склучени од неговата подружница со други компании кои ја финансираат изградбата на Северен тек 2 … Компанијата не ги достави тие информации. Според мене, станува збор за намерен акт, со цел да се наруши постапката која е во тек, се наведува во соопштението на шефот на УОКиК. Гаспром одби да коментира. јт/

Остани поврзан