• среда, 17 јули 2024

Половина од премијата за освоеното сребро на Олимпијадата, грчките ватерполисти ќе ја донираат за погодените од пожарите

Половина од премијата за освоеното сребро на Олимпијадата, грчките ватерполисти ќе ја донираат за погодените од пожарите
Атина, 9 август 2021 (МИА) – Половина од наградата што ватерполо репрезентацијата на Грција ќе ја добие од грчкиот бизнисмен и претседател на ФК Олимпијакос Вангелис Маринакис за освоеното второ место на Олимпијадата во Токио, ватерполистите ќе ја дадат за погодените од пожарите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. По освоеното сребро на Олимписките игри, од Олимпијакос соопштија дека претседателот на клубот ќе ја награди со 200.000 евра ватерполо репрезентацијата на Грција за „огромниот успех, гордоста и радоста и што им ја донесоа на народот во овие мрачни денови“. Капитенот на ватерполо репрезентацијата Јанис Фундулис, како што на социјалните мрежи објавија од грчкиот Олимписки комитет, рече дека „со чувство на одговорност и земајќи ги предвид тешките моменти низ кои поминува земјата“, сметаат дека е нивна должност, како репрезентација, на свој начин да помогнат, донирајќи половина од износот за погодените од пожарот. Грција вчера со 10-13 беше совладана од Србија во финалето на Олимписките игри во Токио и го освои сребрениот медал. ср/сд/

Остани поврзан