• понеделник, 23 декември 2024

Полни викенд куќите со жители од Велес и Скопје во реонот на Азот во Општина Чашка

Полни викенд куќите со жители од Велес и Скопје во реонот на Азот во Општина Чашка
Велес, 17 април 2020 (МИА) - Во пресрет на Велигденските празници и најдолгиот полициски час од 85 часа попладнево граѓани од Велес и Скопје во колони со своите автомобили се упатија кон своите викенд - семејни куќи во селата од Азот од кои голем дел од нив и потекнуваат: во селата Оморани, Ореше, Теово, Нежилово, Папрадиште, Богомила, Согле, Бистрица и други села. Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, за МИА информираа, дека Азот денеска е се преполно и така ќе биде во овој продолжен празничен викенд  додека трае полицискиот час и забраната за движење. Според негови проценки во овој реон има околу 300 викенд куќи во кои моментално престојуваат и повеќе од 1500 викендаши. - Во Општина Чашка нема заразени со вирусот на Ковид -19 па затоа и мојата загриженост од напливот на викендаши од кои дел се помлади и од кои  дел од нив несовесно се однесуваат занемарувајќи го полицискиот час и  се групираат по викен куќите. Апелирам до сите нив сепак поради постоечката загрижувачка состојба во  земјава и порастот на бројот на заболени, да бидат примерни и без поголеми групирања и собирања по  викенд куќитем, а се со цел да го заштитат своето и здравјето на останатите жители,апелира Стојановски. Тој информира дека освен во реонот на Азот полни се и викенд куќите во Населбата Јасеново која е во близина на Болницата Јасеново кај селата  Извор, Стари Град и околните населени места каде има голем број на викенд куќи. ад/оџ/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан