• понеделник, 02 март 2026

Полнети печурки со зеленчук

Полнети печурки со зеленчук

Еве уште еден од многуте рецепти за полнети печурки, единственото нешто што можеби го прави овој различен од другите е тоа што е целосно лесен и наменет за вегетаријанци... но и за оние кои не се...

 

Состојки:

  • 500 грама свежи печурки
  • 1 морков
  • 1 тиквичка
  • парче целер
  • 1 црвена пиперка
  • 1 домат
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица ајвар
  • сув зеленчук, бибер
  • 1 лажица соја сос
  • 0,5 дл бело вино
  • сецкан магдонос и лук

 

Подготовка:


 Свежи, средни бели печурки, измијте ги и исушете ги со крпа, потоа исечете ги и издлабете ги. Ситно исецкајте ги морковите, пиперката, доматот, целерот и тиквичката, и варете ги на пареа неколку минути. Ставете го зеленчукот во сад, додадете зачини, една лажица масло и ајвар, па измешајте се. Во огноотпорен сад ставете малку маслиново масло и бело вино, наредете ги печурките и попрскајте ги со малку соја сос. Наполнете ги обилно и додадете ситно сецкан магдонос и лук, печете на 200C десет минути. 

 

Фото: Фрипик

Остани поврзан