• петок, 05 декември 2025

Полиција привела ваташанка, туркала предмети на Бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта

Полиција привела ваташанка, туркала предмети на Бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта

Кавадарци, 8 ноември 2025 (МИА) - Полиција привела ваташанка, туркала предмети на Бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

- Утрово во 06:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(28) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на бензинска станица во Кавадарци го нарушила јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување кон вработените, туркала предмети во објектот на бензинската станица, а по доаѓање на полициските службеници, таа агресивно се однесувала и кон нив. При преземање на мерки, кај неа биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР Велес. 

Оттаму додадоа дека таа била задржана во полициска станица и по документирање на настанот против неа ќе била поднесена соодветна пријава. свд/лв/

фото: МИА архива 

 

 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан