• петок, 11 октомври 2024

Полицијата со помош на Европол демонтирала лабораторија за дрога во Латвија

Полицијата со помош на Европол демонтирала лабораторија за дрога во Латвија

Рига, 10 октомври 2024 (МИА) - Полицијата во Латвија во соработка со Европол демонтирала голема илегална лабораторија во земјата, која била клучна локација за производство на синтетичка дрога во Европа.

За време на акцијата, на почетокот на октомври биле извршени рации низ цела Латвија и притоа се уапсени осум лица осомничени за вмешаност во производство на наркотици.

Како што се наведува во соопштението на Европол, меѓу уапсените има и клучни личности на криминална организација.

Како поддршка на латвиските власти, Европол го распореди својот тим за тактичка демонтажа на лабораторија во градот Алуксне, во близина на руската граница, за да помогне во отстранувањето на лабораторијата. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан