• вторник, 19 ноември 2024

Полицијата притвори лице осомничено за убиство

Полицијата притвори лице осомничено за убиство

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово - Одделение за општ криминал од слобода бил лишен Ш.Ш.(41) од село Порој поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „убиство“, извршено на 12 октомври 2013 на регионалниот пат од село Пирок кон село Жеровјане.

По наредба на Основен суд Тетово извршен е претрес во домот на Ш.Ш.. Против лицето е поднесена кривична пријава, при што од страна на Основен суд Тетово му е изречена мерка притвор од 30 дена.

Од полицијата информираат и дека вчера попладнето во село Банско, струмичко, полициски службеници од Одделение за потраги при МВР го лишиле од слобода М.А.(24) од Кочани. Тој бил баран по распишана потерница за издржување казна затвор во траење од седум години за сторено кривично дело „разбојништво“.

При преглед кај лицето, пронајдена е марихуана. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/нд/

фото МИА архива 

Остани поврзан