• понеделник, 19 август 2024

Полицијата во Стокхолм откри експлозивна направа близу Амбасадата на Израел

Полицијата во Стокхолм откри експлозивна направа близу Амбасадата на Израел

Стокхолм, 31 јануари 2024 (МИА) - Шведската полиција соопшти дека пронашла сомнителниот предмет во близина на израелската амбасада во Стокхолм и оти станува збор за експлозивна направа.

Од полицијата додаваат дека направата ќе биде уништена од бомбашки одред.

Израелскиот амбасадор во Шведска Жив Нево Кулман соопшти дека ваквите акти нема да го заплашат Израел.

„Денеска бевме предмет на обид за напад врз Амбасадата на Израел во Стокхолм и нејзините вработени. Им благодариме на шведските власти за нивниот брз одговор“, напиша тој на X, поранешен Твитер.

„Нема да бидеме исплашени од теророт“, порача израелскиот амбасадор. ссм/

фото: X

Остани поврзан