• понеделник, 23 декември 2024

Полицијата во Радовиш заплени бесправно исечени огревни дрва

Полицијата во Радовиш заплени бесправно исечени огревни дрва
Струмица, 4 октомври 2022 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш при преземање на зајакнати мерки и активности вчера пронашле и одзеле бесправно исечени огревни дрва. Како што соопштија од СВР Струмица, вчера околу 12:00 часот на место „Градска река“, атар на Радовиш, биле запрени три запрежни возила управувани од У.Б.(54), И.Д.(37) и А.Б.(34), сите од Радовиш, кои биле натоварени со бесправно исечени огревни дрва. Околу 16:00 часот,пак, во дворно место на В.И.(57) од село Ињево, радовишко, исто така биле пронајдени огревни дрва за кои сопственикот не поседувал соодветна документација. Од страна на вработени во Шумска полиција Радовиш дрвата и запрежните возила биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, подружница „Плачковица-Радовиш“, а по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. рт/дма/

Остани поврзан