• петок, 22 ноември 2024

Полицискиот час во Црна Гора нема да важи ноќта од сабота кон недела

Полицискиот час во Црна Гора нема да важи ноќта од сабота кон недела
Подгорица, 29 април 2021 (МИА) - Црногорската министерка за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ соопшти дека полицискиот час од сабота кон недела нема да важи, но дека ќе биде во сила сите други денови до 7 мај. Останува во сила и забраната за меѓуградски сообраќај. Таа исто така најави дека во Црна Гора на 1 мај ќе пристигнат над 200.000 дози од кинеската вакцина Синофарм, а наскоро очекува и пратка од руската Спутник В. - Кога станува збор за масовна вакцинација, очекуваме да започне во вторник, 4 мај. Тогаш сите 140 пунктови во Црна Гора треба да започнат масовна имунизација со кинеската вакцина, а ревакцинацијата со Астра Зенека треба да продолжи. Што се однесува до новиот контингент Астра Зенека, од Ковакс ни беше кажано дека ќе биде последната недела од април или првата недела од мај, истакна министерката. ссм/  

Остани поврзан