• недела, 17 ноември 2024

Полицискиот хеликоптер исфрли над 25 тони вода врз пожарот во реонот на Јасен

Полицискиот хеликоптер исфрли над 25 тони вода врз пожарот во реонот на Јасен

Скопје, 9 август 2024 (МИА) - Хеликоптерот „Бел 412“ од Хеликоптерската единица за полициски намени и припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ денеска дејствуваа на пожарот во реонот на Јасен. Во 17 циклуси на хеликоптерот „Бел 412“, исфрлени се над 25 тони вода, информира МВР. 

- Благодарение на одличната соработка помеѓу овие две единици, со координирани дејствија од воздух и од земја, под контрола е ставен фронтот кој имаше опасност да го загрози резерватот Јасен, стои во соопштението од МВР. мд/аа/


Фото: Принтскрин

Видео: МВР 

 

Остани поврзан