• вторник, 26 ноември 2024

Покрената постапка против 22-годишник кој уценул 20-годишна скопјанка

Покрената постапка против 22-годишник кој уценул 20-годишна скопјанка

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „уцена“. 

Осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, преку социјални мрежи стапил во контакт со 20-годишна скопјанка, на која лажно и се претставил, а потоа подолг временски период ја уценувал дека доколку не му исплати 300 евра, ќе објави компромитирачки фотографии и видеа за неа.

Таа му платила 150 евра, но тој продолжил секојдневно да ја уценува, по што го пријавила случајот. На договорено примопредавање на дел од парите осомничениот бил затекнат и лишен од слобода.

Одредени му се мерки на претпазливост односно забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено во судот, привремено му е одземена патната исправа и има забрана за издавање нова, забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетената, како и забрана за користење на социјалните мрежи преку кои го сторил делото. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан