• петок, 28 јуни 2024

Покетино: Премиер лигата е најдобрата лига во светот

Покетино: Премиер лигата е најдобрата лига во светот
Лондон, 23 мај 2020 (МИА) - Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино, раскажа како го поминува слободното време и ги сподели своите размислувања за неговата идна работа, нагласувајќи дека Англиското фудбалско првенство е најслино во светот. - Со нетрпение ја очекувам следната работа. Фудбалот е многу динамичен и треба да бидете подготвени за моментот кога ќе се појави понудата. Јас сум многу отворен за предлози. Повеќе ме интересира проектот, а не од која земја е клубот. Зборуваме за клубот и секако за луѓето, за човечкиот фактор. Да, ги сакам Англија и Премиер лигата. Сè уште мислам дека Премиер лигата е најдобрата лига во светот и се разбира, да работам овде може да биде мојот приоритет, но не сум затворен за преселба во друга земја, изјави Покетино. Тренерот сака да остане во Англија. - Мојата идеја сега е да останам да живеам во Лондон со семејството. Ќе биде тешко во друга земја за прилагодување, но не и невозможно, додава Покетино. зс/

Остани поврзан