• петок, 17 мај 2024

Познат натпреварувачкиот календар за пролетниот дел во пинг-понгарските натпреварувања

Познат натпреварувачкиот календар за пролетниот дел во пинг-понгарските натпреварувања
Скопје, 6 март 2021 (МИА) - На 13 март официјално започнува пролетниот дел од пинг- понгарската сезона во сите категории на натпреварувања организирани од Пинг-понг федерацијата на Македонија. Во Крива Паланка во сабота на 13 март ќе се одиграат одложените финални натпревари од јуниорската лига од есенскиот дел. Сениорите својот старт го имаат на 14 март. Супер лигашите во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе ги одиграат натпреварите од првото пролетно коло, десетто по ред во шампионатот. Истиот ден продолжуваат натпреварите и од останатите категории во сениорска конкуренција. Во пролетниот дел речиси да нема слободен викенд во пинг-понгарскиот календар на натпревари така што ќе се одиграат и сите турнири од мастерс серијата кои беа одложени во есенскиот дел поради ковид кризата. Крајот на сезоната 2020/21 предвиден на 26 јуни кога ќе се одиграат финалните натпревари од Јуниорската лига од пролетниот дел. зс/

Остани поврзан