• петок, 05 декември 2025

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

 

Сингапур, 18 јули 2025 (МИА) – Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур.

Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте најдобри репрезентации со триумф над Канада со 22-10.

Црна Гора во четвртфиналето ќе игра против Шпанија, додека Грција за противник ќе ја има Италија.

Преостанатите два четвртфинални дуели се Србија – САД и Хрватска – Унгарија/

Четвртфинални пресметки се закажани за в недела.ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан