• среда, 03 јули 2024

Познати авторите и драмските текстови избрани на конкурсот на Министерството за култура и на МТФ „Војдан Чернодрински“

Познати авторите и драмските текстови избрани на конкурсот на Министерството за култура и на МТФ „Војдан Чернодрински“

Прилеп, 8 јуни 2023 (МИА) - Драмските текстови „Бреме“ од Мила Јовановиќ – Миленковиќ, „Измислена приказна“ и „Не застанувај продолжи понатаму: Лукавиот“ од Мики Душански се избрани на конкурсот за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст од Министерството за култура, а во соработка со МТФ „Војдан Чернодрински“. 

Драмските текстови се избрани од 48 пристигнати. Постапката ја спроведе македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, а членовите на тричлената комисија потпишаа изјава за анонимност. Текстовите ги разгледа секој член посебно, под шифра и ги оценуваше со оценка од 1 до 5. Министерството за култура на авторите за откуп на авторските права за објавување и поставување драмскиот текст, ќе им додели авторски надомест во нето-износ од по 120.000 денари.

Целта на конкурсот е афирмација на современата македонска драма и збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори.

Приоритет имаа текстовите кои поттикнуваат и промовираат млади домашни драмски автори, текстови кои ја афирмираат современата македонска драма, иницираат зголемено учество на јавноста-интерактивност, активна публика, учество на млади и текстови кои отвораат актуелни општествени прашања.ем/бт/

фото извор МТФ „Војдан Чернодрински“

 

Остани поврзан