• петок, 05 декември 2025

Позната судиската тројка за натпреварот Македонија – Романија

Позната судиската тројка за натпреварот Македонија – Романија

Куманово, 2 август 2025 (МИА) - Судискиот оддел на Светската кошаркарска федерација, ги одреди официјалните лица за првиот натпревар на македонската сениорска репрезентација во претквалификациите за Мундијалот 2027.

Судиската тројка на мечот од групата „Е“ од втората фаза од претквалификациите, Македонија - Романија, ја сочинуваат Георгиос Пурсанидис од Грција, Јенер Јилмаз од Турција, односно Венцислав Великов од Бугарија. 

Во улога на комесар/технички делегат е Словенецот Алеш Камникар.

Натпреварот се игра вечер во Куманово со почеток во 20 часот. зс/

Фото: ФИБА

Остани поврзан