• понеделник, 23 декември 2024

Пожар избувна во складиште за гориво во Сочи по напад со дрон

Пожар избувна во складиште за гориво во Сочи по напад со дрон

Москва, 20 септември 2023 (МИА) - Напад со беспилотно летало утрово предизвика пожар во складиште за гориво во јужниот руски крајбрежен град Сочи, според извештаите на медиумите.

Според рускиот онлајн портал за вести „База“, резервоар за дизел во близина на аеродромот во областа Адлер на Црното Море изгорел откако бил погоден од беспилотно летало камиказа.

Нема повредени, соопштија од регионалната управа. Пожарот, кој во еден момент се прошири на 100 квадратни метри, оттогаш е изгаснат.

Според владини извори, причините за експлозијата се уште се расчистуваат. мс/

фото: Принтскрин/Јутјуб

Остани поврзан