• среда, 14 јануари 2026

Пожар во стан во Тетово, починато едно лице

Пожар во стан во Тетово, починато едно лице

Тетово, 13 јануари 2026 (МИА) - Едно машко лице го изгуби животот, а уште едно е повредено вечерва по пожар во стан во зграда во тетовската населба Блок 70.

- Пожарот во Територијалната противпожарна единица Тетово е пријавен во 19>05 часот, информираше Авни Амети од ТППЕ Тетово

Од СВР Тетово потврдуваат дека по пожар во стан во зграда во Блок 70 е најдено починато машко лице, а едно лице е повредено. Воедно информираа дека во тек е увид по пожарот во станот и повеќе детали ќе соопштат во текот на утрешниот ден. ас/са/

Фото: ТППЕ Тетово 

Остани поврзан