• понеделник, 23 декември 2024

Пожар во дом за стари лица во Шпанија, една жена загина, 18 повредени

Пожар во дом за стари лица во Шпанија, една жена загина, 18 повредени
Мадрид, 6 јануари 2021 (МИА) - Една 89-годишна жена загина, а 18 лица се повредени во пожар што избувна во дом за стари лица во Шпанија, соопштија денеска службите за итни случаи. Според пожарникарите, пожарот избувнал на третиот кат од домот во Севиља, на југот на Шпанија, во вторникот пред полноќ. Како што наведуваат, соседите им понудиле засолниште во своите домови на постарите корисници кои биле принудени да ја напуштат зградата. Голем број од нив биле однесени во спортски центри за да ја поминат ноќта таму. Истрагата за причините за пожарот е во тек. паг/  

Остани поврзан