• понеделник, 04 ноември 2024

Пожар во гаража во Ново Лисиче, причинета материјална штета

Пожар во гаража во Ново Лисиче, причинета материјална штета

Скопје, 8 јуни 2024 (МИА) - Пожар избувна денеска во импровизиран автосервис - гаража во Ново Лисиче. Интервенирано е со две противпожарни возила и седум пожарникари. Повредени нема, причинета е материјална штета.

- Пожарот е изгаснат, екипите се повлечени. Имаше опожарени едно патничко возило, дрва и некои други материјали. За среќа, нема повредени. Тоа се првичните информации, изјави за МИА командантот на скопската Противпожарна бригада Звонко Томески. 

Материјалната штета допрва ќе се утврдува. бд/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан