• понеделник, 08 јули 2024

Пожар во болница во Јоханесбург, евакуирани околу 700 пациенти

Пожар во болница во Јоханесбург, евакуирани околу 700 пациенти
Јоханесбург, 17 април 2021 (МИА) - Околу 700 пациенти беа евакуирани денеска од болница во Јоханесбург, каде избувна пожар во некои оддели. - Засега нема извештаи за жртви или повредени, а пожарот е локализиран. Сепак, болницата ќе биде затворена неколку дена, изјави Дејвид Махура, премиер на јужноафриканската провинција Гаутенг. Тој додаде дека околу 400 пациенти се веќе префрлени во други јавни болници, а останатите 270 пациенти ќе бидат преместени до крајот на денот. паг/

Остани поврзан