• недела, 22 декември 2024

Пожарот кај фабриката „Охис“ ставен под контрола, еден од пожарникарите заврши во болница

Пожарот кај фабриката „Охис“ ставен под контрола, еден од пожарникарите заврши во болница
Скопје, 5 август 2021 (МИА) - Пожарот кај фабриката „Охис“ е ставен под контрола, потврди за МИА заменик командирот на скопската пожарна Звонко Томески. Тој информира дека најверојатно постојат три точки каде што е започнат пожарот, како и дека моментално се работи на негово догаснување. Томески изјави дека причината за избувнување на пожарот се уште не е позната, но дека се работи на расчистување на случајот и дека најверојатно ќе се утврди причината. -Во моментов се работи на догаснување на пожарот, причината за избувнувањето не е позната, но истражните органи се на лице место, полека се расчистува и најверојатно ќе се утврди причината за настанување на пожарите, истакна Томески. Инаку, во гаснењето на пожарот е повреден еден пожарникар кој, како што рече Томевски, откако вдишал чад веднаш бил однесен со Брза помош во болница и во секој момент се очекуваат информации за неговата здравствена состојба.свс/дма/

Остани поврзан