• петок, 05 декември 2025

Пожарот кај Марсеј под контрола, повредени девет пожарникари, изгореа 700 хектари вегетација

Пожарот кај Марсеј под контрола, повредени девет пожарникари, изгореа 700 хектари вегетација

Марсеј, 8 јули 2025 (МИА) – Во голем шумски пожар во близина на Марсеј на југот на Франција, кој е ставен под контрола, повредени се девет пожарникари, изгореа 700 хектари вегетација, додека десетина куќи се оштетени, соопштија денеска локалните власти.

Како што наведоа властите, пожарот е „под контрола, но не е стабилизиран“, пренесе „Фигаро“.

Префектот на областа Буш ди Рон, Жорж Франсоа Леклер, изјави дека во гаснењето на пожарот биле ангажирани повеќе од 700 пожарникари, како и девет авиони.

Според него, досега се повредени девет пожарникари кои се евакуирани, а во пожарот никој не загинал.

Летовите на аеродромот во Марсеј се прекинати поради шумскиот пожар кој беснее недалеку од градот. Властите на префектурата ги повикаа жителите во загрозените подрачја да останат во своите домови и да не патуваат.

Градската управа на Марсеј во објава на Х наведе дека пожарот брзо се шири и се движи кон градот, додавајќи дека жителите треба да се тргнат од улиците за да не го попречуваат движењето на итните служби. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан