• сабота, 06 јули 2024

Пожарот во Пијанец ставен под контрола

Пожарот во Пијанец ставен под контрола
Делчево, 21 јули 2022 (МИА)  - Пожарот меѓу делчевските села Разловци и Трботилиште околу 19 часот е ставен под контрола, но се уште постои опасност ветерот да ја проблематизира состојбата и да му даде друг правец на огнот, вели за МИА портпаролот на Општина Делчево Даниела Таќева. Првичната проценка е дека и во Пијанец е зафатена површина, односно шума од околу 50 хектари. Таќева вели дека гори сува трева, дабова и борова шума во Пијанечкиот регион, а во гаснењето на пожарот се вклучени над 30 лица пожарникари, вработени во Шумското стопанство, Доброволното противпожарно друштво, полициски службеници, како и припадници на граничната полиција „Исток“, а месното население е вклучено со механизација кое прави бразди за да не се проширува огнот. вјд/аа/

Остани поврзан