• сабота, 21 декември 2024

Пожарот во Битола во кој беа повредени двајца пожарникари сѐ уште не е ставен под контрола

Пожарот во Битола во кој беа повредени двајца пожарникари сѐ уште не е ставен под контрола

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) – Пожарот во Битола во кој попладнето беа повредени двајца пожарникари, сѐ уште не е ставен под контрола, информира за МИА командирот на ТППЕ Битола, Горан Димкоски.

Во борбата со огнената стихија, Димкоски посочи дека се вклучени 35 пожарникари од ТППЕ Битола, како и граѓани кои доброволно помагаат во справувањето.

Тој соопшти дека едниот од пожарникарите е задржан на лекување во битолската болница со изгореници на дланките и подлактицата. 

Вечерва во битолската болница пожарникарот беше посетен од градоначалникот на Битола Тони Коњановски. 

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вечерва во Тема на денот на ТВ Сител појасни дека во пожарот во Битола горат нискостеблести растенија и рече дека нема да зададе потешкотии во справувањето. ра/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан