• сабота, 23 ноември 2024

Пожарите во Австралија се шират кон Канбера

Пожарите во Австралија се шират кон Канбера
Канбера, 1 февруари 2020 (МИА) - Високите температури и силниот ветер во Австралија предизвикаа ширење на пожарите кон австралиската престолнина Канбера. Главниот автопат е затворен и издадено е предупредување дека евакуацијата од некои делови на градот не е безбедна. Пожарите зафатија површина од преку 35.000 хектари. Комесарката на Агенцијата за вонредни состојби Џорџина Вилан посочи дека пожарите сами генерираат посебни временски услови и дека во комбинација со правецот на ветерот придонесуваат за интензитетот на пожарот. На целото подрачје на Канбера е прогласена вонредна состојба како неопходна мерка поради исклучително високите температури и силниот ветер кои, според прогнозите, ќе траат во текот на целиот викенд. Пожари има и јужно од Канбера, во државата Нов Јужен Велс, каде што на 22 јануари се урна авион за гасене пожар. Во таа несреќа загинаа тројца американски пожарникари. Вкупно преку 40 пожари се активни во Нов Јужен Велс, но само една третина е под контрола. Во повеќемесечната сезона на пожари во Австралија, од септември минатата година до сега, загинаа 33 лица, милијарда животни, 2.500 куќи се уништени, а изгоре 11,7 милиони хектари земјиште. паг/

Остани поврзан