• понеделник, 23 декември 2024

Поетесата Марина Мијаковска на меѓународниот фестивал „Кистреч“ во Кенија

Поетесата Марина Мијаковска на меѓународниот  фестивал „Кистреч“ во Кенија

Скопје, 5 отомври 2023 ( МИА) -  Македонската поетеса, Марина Мијаковска ќе  учествува на меѓународниот фестивал „Кистреч“ во Кенија што ќе се одржува од утре до 13 октомври во Најроби. Таа ќе учествува со песните „Женски океан“ и „Женскост“. 

Поетскиот фестивал постои од 2013 година, а во континуитет промовира поезија, уметност и културна размена. Поезијата на Мијаковска е објавена во меѓународната антологија со поезија на англиски јазик во која се застапени автори од триесет земји во светот: Кенија, Египет, Нов Зеланд, Америка, Канада и други.

Објавувањето на меѓународната антологија е поддржано од Prohelvetia, NORLA, CALQ, Danish Arts Foundation, International Poetry Exchange и други. љм/са/

Фото: Марина Мијаковска

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан