• сабота, 13 јули 2024

Поемата „Одгласот на тишината“ ново книжевно дело на Зоран Пејковски

Поемата „Одгласот на тишината“ ново книжевно дело на Зоран Пејковски

Битола, 4 декември 2023 (МИА) - Во пресрет на 100-годишнината од раѓањето на класикот на македонската поезија и голем лиричар Ацо Шопов, од печат излезе поемата „Одгласот на тишината“ посветена на Ацо Шопов од македонскиот писател Зоран Пејковски.

Според рецензентот, професор д-р Васил Тоциновски новата творечка творба на Зоран Пејковски, поемата „Одгласот на тишината“ посветена на Ацо Шопов е чудесен авторски влог во одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на еден од бардовите на современата македонска книжевност.

Вториот рецензент, професорот д-р Славчо Ковилоски посочува дека „Одгласот на тишината“ Пејковски го започнува со посвета на Шопов, со барање и наоѓање на убавиот збор, на меките лирски потреперувања во една пролетна вечер пред зајдисонце. Можностите што ги нуди поезијата на Шопов се видливи и од резултатот што ни го предочува Пејковски, поема што едноставно тече без запирање, што значи без епилози и пролози, без циклуси и останати подредувања. Тоа е позија вдахновена од тишината, но не тивка, туку поезија којашто одекнува како ехо со секој исчитан стих.

Како што е познато, писателот Зоран Пејковски за поемата „Одгласот на тишината“ е годинашен добитник на престижната награда „Ацо Шопов“, највисокото поетско признание што го додели Друштвото на писателите на Македонија.

Дизајот на корицата е на професорот д-р Лазе Трипков, издавач е битолската реномирана издавачка куќа „Восток“. мт/мд/

Фото: Корица

 

Остани поврзан