• сабота, 29 јуни 2024

Поезија од Весна Ацевска и Санде Стојчевски во списанието „Коло“ на „Матица хрватска“

Поезија од Весна Ацевска и Санде Стојчевски во списанието „Коло“ на „Матица хрватска“

Скопје, 30 август 2023 (МИА) - Нови песни од Весна Ацевска и од Санде Стојчевски се објавени во најновиот број на реномираното списание „Коло“ на „Матица хрватска“, во рубриката „Нови преводи“.

Покрај со нивни песни, двајцата македонски автори, на дваесет страници од бројот 2 на списанието, се претставени и со нивни фотографии и со куси био-библиографии.

Објавените песни се заеднички превод на Давор Шалат, Лана Деркач и Весна Ацевска. хс/ цр/

Фото: Весна Ацевска

Остани поврзан