Поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, цените на другите горива остануваат исти
- Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за два денара за литар, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45 отсто.
Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за два денара за литар, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 изнесува 87 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 91, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 85,5, Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 85 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 48,715 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,88 отсто, кај дизелот има зголемување за 0,068 отсто, кај екстра лесното масло има намалување за 0,889 отсто и кај мазутот намалувањето е за 0,33 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е повисок за 0,258 отсто.вј/лв/
Фото: МИА архива