• понеделник, 23 декември 2024

Подољак: Постојат „фундаментални противречности“ во разговорите, но компромисот е можен

Подољак: Постојат „фундаментални противречности“ во разговорите, но компромисот е можен
Киев, 15 март 2022 (МИА) - Постојат „фундаментални противречности“ во разговорите за ставање крај на руската инвазија врз Украина, но компромисот е можен, изјави денеска членот на украинската делегација и помошник на претседателот, Михаило Подољак. „Ќе продолжиме утре. Многу тежок преговарачки процес. Има суштински противречности. Но, секако, има простор за компромис“, напиша Подољак на Твитер. Разговорите продолжија денеска, при што двете страни сигнализираа напредок. Делегациите на Украина и Русија ги продолжија преговорите по техничката пауза, дадена вчера, кога почна четвртиот круг преговори. Подољак вчера рече дека договориле „техничка пауза… до утре“. Тој појасни дека паузата била потребна за да се изврши „дополнителна работа во работните подгрупи и разјаснување на поединечните дефиниции“. паг/

Остани поврзан