• сабота, 23 ноември 2024

Поднесено обвинение за уцена

Поднесено обвинение за уцена
Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело „уцена“. 

Обвинетиот 28-годишник, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, во периодот од 21 до 31 јануари, преку мобилната апликација „Вибер“, побарал од една оштетена да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина.

На 31 јануари, по претходен договор, се сретнале со оштетената во кафе-бар на плоштадот „Македонија“, каде таа му предала парични средства во износ од 30.750 денари, односно 500 евра во денарска противвредност. Веднаш по преземањето на парите обвинетиот бил приведен.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи постојат околности кои упатуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. ​​мд/са/

Остани поврзан