• понеделник, 15 декември 2025

Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство во Кавадарци

Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство во Кавадарци

Скопје, 29 мај 2025 (МИА) - По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело Обвинителен акт против едно лице за кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопштија дека обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.01.2025 и 22.01.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.

- Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци. Обдукцијата покажа дека тој свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување, се појаснува во соопштението.

Јавниот обвинител до Судот доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан